поим (имн.) - дека (сврз.)

Тие всушност немаат поим дека ти си во играта.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Господе, - помисли - овој нема поим дека Рада одамна е вратена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ОК, слушајте! Погледнете го човекот од феудализмот: немал поим дека живее на планета полна со природни ресурси, како што се фосилните горива, коишто ги движат машините, коишто создаваат уште покомплексни машини, коишто произведуваат хемиска- електрична енергија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како што почнуваа да се донесуваат првите прописи со кои им се стеснуваат граѓанските права на Евреите, така и нему почнуваа да му се јавуваат негови пријатели, некои со кои и студирал заедно на универзитетот, тогаш немајќи ни елементарен поим дека се со еврејски происход.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Едноставниот, но моќен увид дека сфаќањето се состои во знаењето на она што се бара - и, според тоа, е когнитивна состојба - е белег на експланаторната супериорност на ова објаснување над голиот поим дека фактите за согласноста со практиките на заедницата се точката во која му се става крај на објаснувањето на следењето на правилата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако некој не знае што бара правилото, тогаш, не го сфатил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)