помош (имн.) - во (предл.)

Она што ја испровоцира В.И. на поднесување тужба, меѓу другото, се и неуспешните протести што биле спроведувани во однос на лошиот третман спрема вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Благодарение на нејзините контакти со централниот синдикат таа добива поддршка и правна помош во остварувањето на нејзините работнички права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Помош во овој спор, со цел склучување спогодба, дава помирувач. 2) Индивидуален спор (чл. 29-36, ЗМРРС) – овој спор настанува само и исклучиво во следниве два случаја: (а) по повод откажување на договор за вработување и (б) при неисплата на најниската плата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Без размислување и без да ја контактира трудовата инспекција, бидејќи не веруваше во нејзината професионалност – а по „препорака“ од вработен во Сојузот на синдикати, тој веднаш го информираше Синдикатот на металците во склоп на ССМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересна е одредбата која предвидува дека трошоците на постапката – за помирувачот, односно арбитерот, ги сноси Советот, а не странките. 1) Колективен спор (чл. 16-28, ЗМРРС) – овој спор настанува во следниве три случаи: (а) по повод склучување, измена, дополнување или примена на колективен договор; (б) при остварување на правата на синдикално организирање и (в) кај реализацијата на правото на штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Марковски бараше правна помош во смисла на тоа кои правни дејствија треба да ги преземе против отказното решение и како да го оствари своето парично побарување за исплата на неисплатените плати и придонеси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа го контактира ССМ, кај кој ѝ се обраќа за помош.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За штедрите, брзи и точни информации и за помошта во расчистување на дилемите што ми се јавуваа во текот на работата, особено му благодарам на Пол Хагуел од Солун, доктор на науки по електротехника и компјутерски науки и на значајни трудови од таа, но и од областа на историјата на солунското еврејство, кој ме снабдуваше со електронски изданија на книги и текстови на грчки, шпански и англиски од историјата, духовноста и етнографијата на Сефардите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се надевам дека „Светилката за Ханука” ќе преосветли дел од тревожните настани, масовните, а посебно индивидуалните човечки драми што одбиваме да му ги препуштиме на мракот на заборавот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неговиот став бил дека меѓусебните судири треба веднаш да престанат во спротивно Британците “нема да одобрат помош во оружје со цел да се води граѓанска војна“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но кога Маклин му соопштил дека една нивна мисија се спуштила во Албанија со цел да замине за ГШ на НОВ и ПО на Македонија, Тито во писмото до Светозар Вукмановиќ-Темпо од 9 октомври 1944 година ќе истакне дека тие треба да го примат “овој член на англиската мисија“ и да бараат од него материјална помош во оружје и воен материјал.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Затоа тие сметале дека не било можно да се одделат саботажите од политичкиот живот на земјата и поради тие причини “СОЕ се нашла во позиција, во најголем дел, да соработува со партиите од лево и настојува да прифати политика спрема различни земји на окупирана Европа кои се од непосреден интерес на оние кои се одговорни за водењето на надворешната политика на владата на Неговото Височество“.15 Како заклучок од она што се случувало на Балканот до септември 1943 година аналитичарите на СОЕ истакнале дека: “• Необично е што низ целиот Балкан партиите од десно соработувале со силите на Оската, а додека партиите од лево во чии редови влегувале млади луѓе, покажувале постојана желба да ги ослободат сопствените земји. • Од друга страна било сосема јасно дека мнозинството од оние кои припаѓале на левите партии кои се бореле против силите на Оската и го формирале општото мнозинство низ целиот Балкан, им се придружиле единствено бидејќи тие им нуделе организирана форма за ослободување на нивните земји. • Ако сакале да дадат отпор и да се искористи максимумот, метеријално, човечки и физички низ целиот Балкан, кој е подготвен да се спротивстави и да се бори против силите на Оската, требало да се помогне тие партии и покрај тоа што тие биле предводени од елементи на левите. • Доколку не сакале да имаат комунистички блок низ целиот Балкан, во вистинскиот момент требало на левите партии да им понудат очигледна помош во форма на стабилни републикански влади и понекогаш уставни монархии, како спротивност на постојните ројалистички влади и покрај тоа што би било неможно да се отстрани од свеста на масите соработката на ројалистите и десните со непријателот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, настојувањето на Фицрој Маклин да се испрати воена мисија на територијата на Македонија врховниот командант на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито го одбивал.85 Но кога Меклин му соопштил дека една нивна мисија се спуштила во Албанија со цел да замени на ГШ на НОВ и ПО на Македонија Тито во писмото до Светозар Вукмановиќ - Темпо од 9 октомври 1944 година ќе истакне дека тие треба да го примат “овој член на англиската мисија“ и да бараат од него материјална помош во оружје и воен материјал.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Да чека немоќен, да чека, ако го дочека јужниот ветер, првата помош во оваа долга, бела неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една овца ојагни мртво јагне. И за такви појави Бојан знаеше, па иако тоа не беше случка што треба да се радува, му дојде како најпотребна помош во една тешка положба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во делот на утврдената социјална помош дојде до измена кај корисниците на социјална парична помош кои неоправдано ќе одбијат работно ангажирање, кои по ново ќе се сметаат за членови на домаќинството при пресметување на вкупните приходи на домаќинството, а останува забраната на користење на правото на социјална парична помош во наредните 12 месеци. (чл. 8 од ЗИДЗСЗ/март.11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Се крстев Господ нему да му е на помош во работата, зашто кога Господ му е на помош на домаќинот, тој ѝ е на помош на целата куќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, - вас ќе ве дочека смело, со божјата помош во борба со душмани крвни в крв ќе запечати дело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Еми Еми, на 23 години, побара помош во својата борба со anorexia nervosa*.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од овие причини, забележливо е поедноставување во овие описи кое во самата работа не постои.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На помош во Цариград отишол П.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Промена на умот (реформатирање) може да се случи само во услови што ја дуплираат “домашната култура”. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 32 Тимоти Лири ЕЛЕКТРОНСКИ КУЛТУРИ Ако родителите не читаат или ако дома нема весници, списанија, книги, децата се во голема мера хендикепирани кога срамежливо (или дрско) ќе влезат во застрашувачката, обезличена првоодделенска училница. (Многу добри учители го разбираат овој принцип, па ја претвораат училницата во домашна атмосфера на поддршка.) Сите ние ги чувствуваме импликациите за реформатирање на умствените фајлови (широко познати како помош во читањето).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Културите или индивидуите кои сакаат да се променат мораат да користат различен јазичен медиум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И воопшто, тогаш многу подобро се живееше отколку сега. њ 200 okno.mk Евгениј Харитонов АНТИУТОПИЈА - 80 * Секако, се мисли на познатиот ресторан во Москва, не на познатиот музеј во Санкт-Петерсбург. (заб. на прев.) ** “АРА”-”American Relief Assotiation”, американска асоцијација за помош во Русија во периодот по Граѓанската војна. (заб. на прев.)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И се паѓаа од смеа, читајќи ги книшките на прогресивните писатели, кои пишуваа дека кралот е одлично облечен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако постапи спротивно, не може да аплицира за социјална парична помош во следните шест месеци (нов член 29-ж, ЗИДЗСЗ/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Помош во овој спор, со цел склучување спогодба, дава помирувач; 2) Индивидуален спор (чл. 29-36) – овој спор настанува само во следниве два случаја: (а) по повод откажување на договор за вработување 1.  Сл. весник на РМ, 87/07.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од него бараше помош во изнаоѓање одговор на нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Неговата амбиваленција е видлива во контрадикторноста меѓу даде­ните изјави и активностите што ги реализираше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На пример, се ширеа гласини за неговата помош во организирањето на „salon Margina #21 [1995] | okno.mk 105 des enfants”, изложба на детска уметност одржана во Париз непосредно пред првата светска војна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Стана директор на една компанија која требаше да реализира еден американски проект на помош во контролата и утврдувањето на стандарди во производство на храна во балканските земји во транзиција по падот на комунизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Каде јурат каубоите и дали некаде се гледа американската коњица што јури преку брегот за да пристигне на помош во последниот миг?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кристијан Фаур, директор на Технологии за соработка во уметноста при Универзитетот Денисон, Охајо, САД, беше љубезен да ми помогне во обезбедувањето пристап до академските списанија во САД.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мојата искрена благодарност до Марија Тодорова заради нејзината помош во преводот на моите текстови од англиски на македонски јазик, како и за постојаната поддршка и поттик. 129 ИНДЕКС Адорно, Теодор 80, 85 Акончи, Вито 67, 118 активизам 51, 75, 107, 108, 118 Андерсон, Малколм 16, 20 апатридија 33-37 Арент, Хана 76, 79, 95-98 аутсајдер 9, 14, 57-58 Бауд, Михиел и Вилем ван Шендел 12, 22, 23, 55, 57 Бауман, Зигмунт 40 Бенхабиб, Сејла 97-98 Берлински ѕид 21 билборди 102-111, 117 регулација на, 103-104 Бонито Олива, Акиле 111 Бордерхак 50-52 Бродел, Фернан 9 Валерштајн, Имануел 24 весници 71, 81, 103 Водичко, Кшиштоф 113-116 Вохенклаузур 52-53 130 Гиденс, Ентони 38 глобализација 38-40, 45-47, 49 дефиниции 38-39 граници дефиниции 11-13 функции 14 и идентитетот 24 Грос, Елизабет 10, 25-26, 57-58 Гупта и Фергусон 60 détournement 106 Димитријевиќ, Брацо 110-113 Донан, Хестингс и Томас Вилсон 21, 61 Еко, Умберто 59 зонирање 44, 103 Жижек, Славој 107 Илич, Фран 50-52 Иригаре, Лис 26 јавен простор дефиниција 70 функции 72-73 јавна уметност 113, 115, 118, 119 Келнер, Даглас 81, 90, 92 131 Клајн, Наоми 69, 102, 106, 107, 117 Коен, Едвард 39 Кон, Маргарет 76 Кристоф, Ладис 13 културно попречување 105-109 Леви, Примо 29 Лефевр, Анри 75 Лефор, Клод 67 Маркс, Карл 91 Маркс, Гери 16, 19, 40, 43 Мекартур, Даглас 33 Мичел, Дон 73, 74, 78 Муф, Шантал 94-95 надзор 19, 22, 40-45, 68, 76-78 надидентификација 107 Негри, Антонио 43-44 Омае, Кеничи 39 Пелерин, Хелен 16, 25, 30, 32, 45 Прескот, Џ.Р.В.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Ајде да оформиме група за помош во математиката.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа зајакнуваше низ новите страдања, таа се прочистуваше од новите удари на судбината што требаше да ги поднесе, излегуваше поголема од новите искушенија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако, во текот на десетина години еден човек, од рангот на Толстој, не успеал да најде помош во никаква верска поука што ја добил, тоа значи дека таквата поука не му недостига на тој што не бил приморан да ја добие.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Убедувањата на Донован сигурно не биле многу убедливи и поткрепени со реална можност за помош, имајќи ја предвид политичката и воената состојба во Европа каде што воените сили на Велика Британија трпеле порази на сите фронтови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
18 Како и во случајот со Бугарија така и Кралството Југославија било ставено на крстосница, дали да се приклони кон нацистичка Германија или да остане надвор и да го прифати британското и американското ветување за помош во случај да ѝ дадат отпор на нацистичка Германија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во 1938 год., вршителот на должноста во Белград, Роберт П. Џојс предупредил дека: „Кралот Борис зборувал со Хитлер за бугарското малцинство во Грција, Југославија и Романија и побарал германска помош во однос на редефинирањето на бугарската граница, посебно во Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
40 На 19 јули 1940 година била формирана организацијата СОЕ. Таа била составена од три секции: СОЕ1 задолжена за тајна пропаганда; СОЕ2 одговорна за саботажи; СОЕ3 задолжена за планирање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Само во тој период Стејт департментот, поттикнат од претседателот Рузвелт, започнал да обрнува поголем интерес кон Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Растислав Терзиоски, Оп. цит. 13. 36 Во периодот од почетокот на војната до крајот на 1940 година, САД на Велика Британија и на Франција им испратиле помош во вредност од 50 милиони долари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На мајките секој ден треба да им се подаруваат убави зборови, топли насмевки, секој ден треба да им ја подарувате вашата помош во домашните работи; секој ден треба да ги радувате со вашето убаво однесување, со доброто учење, со вашата чиста облека, со доброто здравје, со вашата добрина и ведрина.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На првите ќе им ветиме помош во борбата за слобода, ќе ги насрчиме да ги заколат другите, потоа ние ќе ги заколеме нив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Браво! - и стана да ѝ се понуди на мајка ми за помош во кујната, зашто Тета е необично вредна и не може да поднесува несредена куќа, а згора на тоа постојано мисли дека мајка ми не може сама, без туѓа помош, да се снаоѓа во куќата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ѓулсиме престана да ја очекува неговата помош во домашните работи, и, како вистинска жена на ќаја, го избра поразумниот и утапкан пат, и почна да ги вика селските жени да ѝ работат низ куќи, да ѝ аргатуваат во бавчите, и да ѝ го чуваат детето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)