помошник (имн.) - на (предл.)

Командирот на четата, еден црномурест сериозен човек, Еда го постави за помошник на магационерот од каде што со Марка си обезбедуваа паштети и сувомеснати производи, а пиперки, патлиџани и лубеници имаа на дофат во градините и бостаните на Албанците што беа распослани секаде околу касарничката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Камилски ги забележа поопштите заемки како: занает (на арапски sanat); чирак, помлад помошник на мајсторот, обично го учи занаетот (од турски irak), калфа, прв помошник на мајсторот (од арапски kalfa); калфабаша, главен, најстар калфа (од турски ustaba); еснаф, здружение на занаетчии од иста струка (од арапски esnaf).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И оваа заемка Камилски ја внесе во својот жолт нотес заедно со зборот чаршија (од персиски аri) за поопстојно разгледување со Татко, сметајќи ги за посебно значајни, но и со меѓузависно значење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мојот помошник на митралезот ранет е и само вика: Вода, вода...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во Скопје тогаш навистина имаше осумдесет еснафи и уште повеќе занаети, и секој еснаф си имаше своја зграда со одаи, разни помошници на занаетчиите, и свој писар наречен граматик си имаше, и сите еснафи заедно си имаа еден заеднички ќаја, но да се биде писар-граматик, иако само на папуџискиот еснаф, не беше мала работа и мала чест.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И штотуку месечината се поткренала зад ред јасики и штотуку сув ветар удрил во високиот и тесен прозорец на неговата куќа-кула, еден од помошниците на мулазимот со неколку стрелци и бекрии го повикал прегладнетиот непокорник да се предаде: на оној што се кае, алахот и султанот му простуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И во своите педесет и три години се надевал дека ќе има деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)