посетител (имн.) - во (предл.)

Тоа чувство како кога посетител во музеј ја видел Мона Лиза и потоа не е сигурен дали е тоа реалност или привидение.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во сенката на дебелите yидови низ кои шпартаат специјални видови на гуштери - чии паѓање во нечија коса предизвикува едвај видливо бранување од извик, страв, паника среде таа речиси пустинска неподвижност (оттаму, од таа статичност, можеби потекнува и „сценската“ форма на овој скеч?!) - господинот Иљаз, првиот попладневен посетител во чајџилницата САМО ТИ ЈА, зависнички (истовремено страсно и одмерено!) го срка првиот од низата чаеви што следуваат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ме изненади фактот што меѓу посетителите во тоа студеникаво, ситноврнежливо неделно прашко утро, единствен посетител во музејот бев само јас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓу посетителите во салата на театарот бил Георѓи Парванов (покрај многуте актери и пријатели, блиски и непознати наредени во долга опашка за да ѝ ја стиснат лично раката на Стојанка), тој се искачил на сцената и лично го честитал роденденот на големата актерка“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)