Полудуваше со залепени клепки: точно врз очите му лежеше студена арапска сабја, или боцкава жица, или танка змија, сеедно, тој зрак, тој ноќен призрак го менеше својот облик, и човекот како и да се наместеше во постелата го чувствуваше и остаруваше.
               
             
           
            
            
              „Месечар“
               од Славко Јаневски 
              (1959)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Се разбудив. Се чувствував страшно премален. Од мојата постела го видов војводата.
               
             
           
            
            
              „Црнила“
               од Коле Чашуле 
              (1960)