потег (имн.) - на (предл.)

Ја веќе ја сипав третата чаша од Смрдевката и со благотелечи поглед ги посматрав одлучните потези на Парољуб Шврчковски како сѐ уште брца у грчките маслинки, а притоа осетив непријатен мирис на расолница за што бев сигурен дека беше прдежот од Далибор Чмаровски Чмаро, кој таа вечер за чудо не пушти ниту глас туку мудро го прелистуеше новиот билтен од Бронзената копачка на Санчо Панса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тоа беше како да се обидува да направи потег на шаховска табла кога е веќе матиран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Фантастична креација, создадена приказна со смели потези на судбината, која сама по себе е доволно мистична и застрашувачка, приказна која ќе живее под бисерната светлината на денот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Промуќурната Рада однапред го знаеше секој потег на Ружа, пред да ја скине китката таа прво ја чистеше од трњата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Движењата во тој миг ѝ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
МЕШАЕВ ВТОРИ: Убаво! Смели потези на четката.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Земјата, за која му требаше време да сфати како да се вслуша во неа, сега омекната до кал го слушаше него; му беше доста да ја допре онаа неуловлива нишка меѓу вивките на мозокот или вршките на нервот и потегот на зглобот или јаготките на прстите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Види кај Димитар Клисаровски и Игор Петровски: Што ќе донесат измените во Законот за работни односи? – Лошите работници не ќе може да ги спаси ниту еден синдикат; неделен магазин Капитал, бр. 461 (2008). 15 потег на законодавецот беше направен откако, претходно – во 2006, Уставниот суд ја укина оваа противуставна законска одредба. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)