правда (имн.) - во (предл.)

Имав храброст да дојдам овде служејќи ѝ на правдата во повеќе режими и времиња.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ангелеска напоменува дека доколку за време на судскиот спор имаше повеќе рочишта, времени мерки и жалби против решенијата (што за нејзина среќа ги немаше) – во тој случај, судските такси и трошоци врз нејзе ќе делуваа дестимулирачки при самата помисла да тужи, бидејќи барањето правда во РМ стана привилегија само на богатите кои можат да си дозволат да ги платат скапите такси и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А заедно сме, оти по еден ист пат одиме. Без правда во срцето свое.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога оној до неодамна можеби сѐ уште полуписмен каубој од вестернот ја прифаќа шерифската значка и ставајќи го животот на коцка ѝ се спротивставува на толпата која сака да линчува, тогаш тој, стапувајќи во непосреден однос со бесконечната вредност на законот и правдата во нејзината есенцијална апстрактност, токму ја произведува митската слика на раѓање на граѓанинот, една автентична граѓанска социјализација. Маргина 35 33
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)