преобразба (имн.) - во (предл.)

Но тоа не е точно: зад тој привид стоеше мртвиот универзитет, стоеше мртвата култура, чии што предизвик беше дофрлан до 18 Margina #8-9 [1994] | okno.mk властите, и во ист момент евентуално нивната сопствена смрт - преобразба во непосредна жртва, што поправо беше самата долгорочна операција на системот: ликвидација на културата и науката.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Уште поважно е што ќе илустрира како машката геј-култура преку таа практика произведува состав од пресудни и длабоки преобразби во констелација на главнотековни вредности – вредности што имаат врска со сексот и со родот, но одат многу подалеку. 8 СТРАДАНИЕ КРАФОРДОВО Милдред Пирс, филмот што го режираше Мајкл Кертис и за кој Џоан Крафорд доби Оскар во 1945 година, е култна машка геј-класика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Друг пример: неоткажување од идејата за меѓународно право, од нејзиниот несомнен напредок поентиран во институциите; одново да ја потврдиме таа величествена идеја на продуктивен начин што го рес­пектира континуитетот, а едновремено да не престанеме да ги анализираме и крити­куваме (не само теориски туку и практично) сите премиси што ја поттикнале одре­дената организација на тоа меѓународно право, можната мистификација на неговите референци, неговата преобразба во корист на одредени интереси, дури, како што споменав предмалку, треба да се деконструираат (исто така, следејќи еден начин, но веднаш, не чекајќи друг начин) терминолошките и историски граници на тие инсти­туции на меѓународното право, секако, зборувам за ОУН и за Советот за безбедност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И обајцата се внесени не само еден за друг, туку и за себеси сега во однос на себеси некогаш.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Страотниот стратешки предизвик ништо не гарантира однапред, дури ни пресметката (везден нужно спекулативна) дека контра­дикторниот предизвик уште и би можел да ја влоши состојбата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зборовите „да одбие да работи“ во ст. 2 од истиот член добија само мала терминолошка преобразба во „да одбие извршување на работата“ (чл. 12 од ЗИДЗРО/ септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Последното пионче на таблата, стигнато до седмото поле на кое му е потребен уште само еден чекор до величествената преобразба во црна кралица.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)