пресели (имн.) - во (предл.)

Прскаат од него милиони искри во зазорените патишта над планината, го цепат воздухот над нашите глави и само погледите сега го следат ова нивно преселување во највисоките височини, во недогледните далечини, тајно - бескрано.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
А тие го цепат воздухот над нашите глави и само нашите погледи го следат ова нивно преселување во највисоките височини, во недогледните далечини, тајно - бескрајно.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Тука се запознала и се омажила за бразилскиот дипломат Мартинс Перера Соса.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Следејќи го својот маж на повеќе дипломатски мисии, таа по неколку години живее во Копенхаген и Токио, сѐ до преселувањето во Брисел 1936 година, кога нејзиниот маж е наименуван за амбасадор во Белгија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тука му асистира на белгискиот скулптор Оскар Џасперс и кај него ја изучува вештината на дрворезот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
До своето преселување во Вашингтон во 1939 год (нејзиниот маж работи како амбасадор во САД до 1948 година), таа е веќе релативно афирмирана вајарка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дента кога веќе ги подготвуваа куферите за преселување во друга земја, таа одлучи: не смее да одлага.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)