претпоставка (имн.) - во (предл.)

3. Терапевтот е одговорен за сопствената физичка спремност за дијалог, а тоа го постигнува со одбирање на претпоставки во јазикот кои негуваат љубопитност, отвореност и почит кон личноста која има „ум-тело“ проблем (Griffith and Griffith, 1991).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова, делумно, е просто класичен пример на новинарско намигнување: претпоставката во написот дека „сите знаеме што значи тоа“ го ослободува од неопходноста да тврди дека тоа воопшто значи нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Човекот останува несовршен, недовршен во својата еволуција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потребата од другиот, со другиот, не е само биолошка, туку и духовна претпоставка во човековиот опстанок...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таквите хипотези, вон научниот контекст каде што како работни претпоставки во процесот на осознавање имаат неизбежна улога, но каде што исто така, барем начелно, можат и да се верифицираат, во овој случај не се ништо друго туку обичен интелектуален шкарт, нуспроизвод од третокласно необврзно муабетење.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога ги изнесе Рајна пред мене можните и неможните претпоставки во врска со ова свое откритие паметам, убаво ѝ реков: „Подобро ќе биде да си ги прибереш фантазиите, Рајно!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова не го реков за да ја укорам. А уште помалку за да ја намалам или да ја оспорам веројатноста на нејзината приказна. Сакав само да ја вразумам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Седи покрај работната маса, ја разгледува книгата; веројатно истата онаа за која сношти зборуваше како за раритет; како за скапоцена посебност; го потсетувала на древните свети книги или записи што, случајно втасале до нас од некое неодредено време па оттаму и сите оние нејасни претпоставки во толкувањата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Претпоставките во науката се нужни, како што е нужно скеле да се изгради куќа“.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)