проза (имн.) - во (предл.)

Ако се има предвид само застапениот корпус на раскази и ако се занемарат развојните тенденции на раскажувачката проза во современата македонска литература, како генерален впечаток се наметнува сознанието дека кај постарата генерација раскажувачи е присутна една по малку носталгично - сентиментална нота во сликањето на градот и една особена привлечност (дури би можело да се рече и опседнатост) од оној „друг” град исчезнат во природната стихија 1963-та, што не важи за помладите автори.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Неговото прво литературно дело што излезе во јав­носта беше новелата “а” (1968), колаж на аудио транскрипции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Снимките на тривијалните разговори и озборувања што кружеа по Фектори беа исчукани и средени од Боб Коласело, а резултатот на тоа беше книга како некаков компромис помеѓу Глас на Дерида, поради редовите на рефлексивна проза во неа, и синопсис за некаква сапунска опера.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со еден единствен потег го заобиколи литературниот процес со цел да ја спроведе Флоберовата дефиниција за писателот кој треба да биде “како бог во својот универзум, невидлив, но секаде-присутен”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Извадоците што авторот ги препиша ја прикажуваат содржината на записите, но и документарниот карактер на прозата во тефтерот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А. ПАВЛОВНА: Дека е тоа нешто средно меѓу песна во проза и проза во стихови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)