Зачудено гледале младите и старите,  се возбудиле мачките и птиците,  се разбранувале тротоарите,  се исплеткале улиците,  телефонските жици се испокинале,  се занишале осумкатниците,  прозорците зинале  на сите довршени и недовршени згради,  на еден фабрички оџак му дошло студено -  чадел, веќе нема да чади -  и паднал во несвест од зачуденост.
               
             
           
            
            
              „Најголемиот континент“
               од Славко Јаневски 
              (1969)