- што почнуваше да го мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното)  дента мобилниот на Круме Волнаровски беше недостапен и немав никаков пристап до информација и тоа почнуваше да ме мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното  (ми беше качена на начин кој овозможуваше да ѝ влезе сè што можеше да ѝ влезе; мислев дека устинките никогаш не ѝ биле толку отворени, се лизгаа лево и десно, ме допираа по ципите, ми ја влажнеа волната и ми ја подлапнуваа, ми ја шмукаа или така ми се чинеше, особено кога почна бавно да се крева со задникот нагоре и да се спушта на мене стегајќи ме меѓу бутовите, постепено забрзувајќи го ритамот, нанесувајќи ми тапа болка на јајцата)  ние знаевме само толку дека Илона веќе беше далеку од нас, нејзината трага се покриваше и таа започнуваше нов живот за што Ема не сакаше многу да зборува, нејзиниот живот е нејзин, велеше, како и мојов што е мој, ѓаволу мој, ми рече Ема утрото кога во мојот кабинет ја спомнав Чехињата  (ги крена рамениците како да сакаше да каже дека за ништо не е виновна но не кажа, тоа собирање на рамениците беше грч пред ослободување, тоа беше начин да се мобилизира, да се собере целата во себе пред конечното испразнување и така се случи како и секогаш: списка, свика нешто неразбирливо и продолжително, да, тоа беше крик кој доаѓаше од длабочината на нејзините гради, и откако во одгласот тој се стиши во едвај чујно ајјјоооххх … иииооојјј и откако со усните ме побара под себе и ми стави заби на рамото, омекна, се распекмези, се распосла над мене, лесно ме покри со телото облеано во пот и ме заведе во блага дремка)  Но таа ноќ не беше за спиење.
               
             
           
            
            
              „Полицајка в кревет“
               од Веле Смилевски 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  - Не, Зоки, - вели тато, куќата и прозорците можат секако да се обојат, но тревата не може никогаш да биде црвена, ниту пак небото кафеаво или пак покривот зелен.
               
             
           
            
            
              „Зоки Поки“
               од Оливера Николова 
              (1963)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Да, беше врнежлива ноќ кога Авни и Илона се истурија од таксито пред мотелот „Барса“  (мислев дека слабините ѝ се топат во моите дланки, а јас немав чувство дека ми е в раце, тоа беше Ема онаква каква што ја познавав и ја сакав, но во исто време, таа за мене, не знам зошто, првпат сега - беше туѓа и далечна)  со Ема излеговме под тремот и ги поведовме по ходникот, им ја отворивме вратата од собата и место да им кажам било каков збор се обидов да го поттупнам Авни по рамото, но не успеав оти тој токму тогаш ја прекри Илона со мантилот и само слушнав како одвнатре ја заклучува вратата  (Ема сакаше да ми рече дека се чувствува жива додека е во моите раце, сакаше или сакав да ми рече така, додека се лизгав со широко отворена уста од градите до стомакот по кој играа од сласт или од плач, не знам, едвај забележливи бранови)  брзо ја заклучија вратата, јас се обидов да останам уште извесно време тука, но Ема ме повлече за рака  (ѝ го ставив јазикот на папокот, нежно вртејќи во топлата длабнатинка исполнета со киселкаст вкус)  Авни беше како ветар, се мушнуваше низ најтесните процепи, работеше неуморно, дејствуваше, влегуваше под кожа, во коските, вртеше како со сврдел и дупчеше до крај, а не можеш да го видиш, не можеш да го допреш, како таа ноќ, ноќта пред оваа ноќ, кога ја внесе Илона во „Барса“ за да ѝ ја подотвори вратата кон светот што таа го сакаше, кон светот што ја очекуваше  (ми диктираше некој силен порив да ја загризам за стомакот, да ѝ скинам месо од сакање или од омраза, не знам, знам само дека во еден момент Ема офна)  знаев дека требаше да заминат кон Табановце но не знам до кога останаа во собата која утрото беше празна и требаше да биде празна оти врската требаше да дојде рано пред зори, за тоа знаеше и газдата на мотелот  (затоа јас ги стиснав забите од страст, или од страв, или од омраза, не знам, но знам дека Ема си остана своја и, со својата питомина моја, но во исто време, далечна од претчувството што ме притискаше, се измолкна од под мене, ми се загледа в очи, благо се насмевна и легна на мене, ме покри со топлина што се згуснуваше во капки пот)  шефот на мотелот утрото ми рече дека ноќта се слушнал со Крумета Волнаровски и дека врската профункционирала: од прозорецот можел да го види доаѓањето на автомобилот во кој влегле двајцата  (станувавме сè поразлични двајцата таа ноќ што беше на истек, беше уште густа темница, можеби најгуста, или така ми се чинеше, но тоа беше кулминација пред обзорувањето во кое Ема, јас верував во тоа, ќе ми биде пак како и секогаш - со детски наивна насмевка што ќе се шета по нејзиното лице на заспана жена по изгрејсонце, задоволна од играта со мажот кој сега никако не можеше да ја сфати нејзината безгрижност - ја глумеше ли?
               
             
           
            
            
              „Полицајка в кревет“
               од Веле Смилевски 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Низ прозорецот можевме да го забележиме едниот од петте стражари чија силуета на сртот од благата височинка личеше на стрелка која се движи според строго одреден интервал, навестувајќи го скорешното паѓање на мракот.
               
             
           
            
            
              „Полицајка в кревет“
               од Веле Смилевски 
              (2012)