прозорец (имн.) - ја (зам.)

Волкот под нивниот прозорец ја голташе нивната близина, тој беше дојден колку што се можеше поблиску по нивната миризба, сега, веднаш до ѕидот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја кренав главата. Сетив дека ветрот се стишал и низ едно од стаклата на прозорецот ја видов големата месечина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На прозорецот ја гледа и пчелата што неколку утра му доаѓа и прпелка, удира на стаклото да влезе внатре.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)