процес (имн.) - во (предл.)

Ќе биде тоа голем судски процес во јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Земјата минува низ мачни искушенија: следеа монтирани процеси во името на класната борба, се множеа идеолошки и верски прогонства, придружени од страшен лов на вештерки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Автоматизацијата и механизацијата на најважните процеси во оранжериите овозможуваат да се зголеми близу двапати продуктивноста на трудот во однос на досегашните норми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но со Првото српско востание (1804) и востанието во Грција (1821) започнал процесот во кој се оспорува нејзиното владеење во Европа и дошле до израз ослободителните движења на балканските народи.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во периодот од април до мај 1942 биле организирани јадрата на пет партизански одреди: Битолски, Скопски, Велешки, Прилепски и Крушевски, а до летото биле формирани уште четири одреди.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 138 комунисти, членови на СКОЈ и симпатизери, на судските процеси во Скопје, Охрид, Битола и Куманово им биле изречени 38 смртни пресуди со што бугарскиот окупатор ја започнал пресметката со антифашистите и комунистите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За кратко нејзиното распаѓање било сопрено со Кримската војна (1853-1856) кога Англија, Франција и Сардинија ја оспориле руската превласт во решавањето на источното прашање.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Христос искрвавил...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доколку успеам непосредно да го забележам психичкиот процес во извесни подрачја на свеста, тогаш јас можам да имам ограничена функција...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Си помисли и на процесите во Судот коишто го очекуваа, но, ете, сега се одлагаат за други времиња, или ќе исчезнат засекогаш...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пет (Pet) и Бол (Boll) 1968. година го концептуализираа творечкиот процес во четири фази, коишто сукцесивно се надоврзуваат една на друга: подготовка, фрустрација, увид и верификација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
126. Како голем аналитичар на конкретната историска ситуација и на значајните процеси во општествениот развиток на Македонија и на Балканот, Мисирков ги согледал и идните односи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
127. Како голем аналитичар на конкретната историска ситуација и на значајните процеси во општествениот развиток на Македонија и на Балканот, Мисирков ги согледал и идните односи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
4. Или Мисирков, поради непостоењето на претходни истражувања, не можел да ги согледа процесите во развитокот на македонското ослободително движење во неговата целост или пак, во брзината со којашто ја подготвувал книгата, просто не успеал да се доискаже, да го прецизира својот исказ, зашто и во македонската историја националната борба ѝ претходела на политичката: најпрвин се развива движењето за свои цркви и училишта, за свој јазик и учебници, т.е. за национално-културна афирмација во рамките на Турција, па дури потоа и знатно подоцна за организирана борба за „политичка автономија” и за ослободување од Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
90. Мисирков зборува за „возродување”, „пробудување“, „собудување“ и сл. како процес во Македонија што поинтензивно се развивал од крајот на 80-тите години на минатиот век, но кој не само што траел, туку почнал и уште посилно да се распалува во 1903 год. особено по Востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На пример, кога една комерцијална организација отвора нова гранка во некој друг град, таа праќа таму свои луѓе за да го одржат континуитетот, во однос на неформалните како и на формалните правила и рутини, кои на тој начин се реплицираат и организацијата го “раѓа” својот потомок. (...) Така, во согласност со двете линии на моето излагање - само-организацијата на експресивните знаци и еволуцијата на институциите преку рутини и репликација на правилата, може да се изведе заклучокот дека нашите домови им се слични на териториите на птиците - многу повеќе отколку во метафорична смисла. (...) Она што може да се заклучи на крајот, е дека еден ист процес (или поточно различни процеси во кои е вградена иста апстрактна машина) е тој што резултира во ентитети толку различни како што се човечките хиерархии, телата на животинските видови, дури и карпите - сите тие се структури во кои се обединети хомогени елементи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Алхемичарите ова го нарекувале rubedo, процес во кој доаѓа до консумирање на бракот помеѓу црвениот човек и белата жена, Сол и Луна.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, постепено, тој води кон “топењето”, или синтезата на спротивностите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Натаму, можеме да воочиме еден процес во градењето на чинговиот стил кој се остварува врз еден евидентен принцип.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потребата да се согледа прозата на Чинго како мерник на едно време, како видување на тие големи настани и процеси во нашиот живот поттикната е, во голема мера, и со видот на таа проза, со нејзината произлезеност од тоа време.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој процес во руската литература започна многу порано до појавата на големите руски писатели (Гогољ, Пушкин и други).
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
При конципирањето на презентацијата на целиот овој процес во Музејот на град Скопје го редуцирав материјалот од веќе реализираните поставки и ја изведов четвртата („Стакларница” - Скопје) со што го заокружувам целиот проект.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Додека траеше процесот во Истражниот затвор бевме сосема разделени, не само со Ема, туку и со неколкумината наши колеги од Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе и надворешни соработници, со Крумета Волнаровски, со Азра, Деница, со Авни, Стево Трајчов и со полицискиот службеник од Табаноце, Јованче Крстов.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Изведениот збор цѕбернате значи „автоматска компјутерска контрола или изложеност на контрола”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зборот „cyber” беше редефиниран (во Речникот на американското наследство) како „теориско проучување на контролните процеси во електронските, механички и биолошки системи, особено протокот на информации во тие системи”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко во еден период силно се внесе во проучување на миграторните процеси во Езерото, во животот на птиците, рибите, инсектите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секогаш, после процесите, тој ќе му дадеше по две-три банки, а по окончуваето на процесот во врска со случајот на солунецот Раде му даде цела стотка бакшиш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оваа уметност, ако се сфаќа како печатен материјал, има одлики на предмети во просторот; но сфатена како изведувачка, таа ги презема аспектите на процесот во времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На 13 мај 1942 година, овој весник известува за одржаниот судски процес во Скопје, од 27 април до 9 мај 1942 година, на кој им се судело на 45-те припадници на Првиот скопски партизански одред.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од нив 18 лица биле осудени на смрт со бесење, а другите на временски казни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овие процеси во индивидуата потсетуваат на начинот на кој науката е водена од прагматичкиот критериум за успешна предикција и контрола.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Пијаже зборува и за асимилација, способност смислено да се интерпретира ситуација со користење на множество достапни шеми во тој момент, како и за акомодација процес во кој множеството шеми може да се менува кога не се исполнети очекувањата базирни на очекувањата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Предикативната функција на персоналните конструкти дава логичко оправдување на претпоставката на Kelly (1955, стр. 46) дека „процесите во личноста психолошки се канализираат на начинот на кој ние ги антиципираме настаните”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)