Започнаа со некоја балада, Александар ја имаше чуено неколку пати на радио и немаше некое посебно мислење за текстот, но овој пат, претпоставуваше поради пејачката, песната почна по малку и да му се допаѓа.
               
             
           
            
            
              „Браќата на Александар“
               од Константин Петровски 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сејач на тој страв не беше само полицијата, туку и селскиот кмет, даскалот, општинскиот службеник, судијата и судот, војската, црквата, радиото и весниците.
               
             
           
            
            
              „На пат со времето“
               од Петре Наковски 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ќе чујам тропање на чинии, подвикнување на деца, свирење на радио и мене ќе ми се собере срцето.
               
             
           
            
            
              „Небеска Тимјановна“
               од Петре М. Андреевски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Со запечатувањето на радиото и  телевизорот врви и запечатувањето на судбината.
               
             
           
            
            
              „Светилничар“
               од Ристо Лазаров 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Им ги запечатија радиото  и телевизорот, оти не плаќале претплата. Не одбивале,  туку не можеле.
               
             
           
            
            
              „Светилничар“
               од Ристо Лазаров 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ноќта, очекувајќи го Цветана Горски од седницата на која се одлучуваше за судбината на јагулите и нивниот пат, го слушаше радиото и не им веруваше на ушите!
               
             
           
            
            
              „Патот на јагулите“
               од Луан Старова 
              (2000)