раменица (имн.) - на (предл.)

Како и мнозинството и тие слегнаа со рамениците на таа глупост, и цврсто стоеја на брегот за да не бидат од Судбината турнати во неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Петар ја стави раката околу рамениците на Томаица и молчешкум го гледаа небото, раѓањето на ѕвездите и заминувањето на последните портокалови обриси.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се развесели. „Ме сметате за опасен лудак а не знаете што станува околу вас?“ „Што станува?“ го прашаа стискајќи го меѓу себе и кикотејќи се безгласно, само со тешките раменици на кои можеа да ја држат земјината кугла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оној последниот беше малечок, со едно ситно телце, така што едвај им стасуваше до рамениците на двајцата напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека гледаше во моќните раменици на О'Брајан и во неговото лице со груби црти, толку грдо а сепак толку цивилизирано, му беше неможно да поверува дека тој може да биде победен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)