рамниште (имн.) - на (предл.)

За гемиџиите, во случајов исклучиво важна била визбата на берберницата, којашто се наоѓа на 1,5 метри под рамништето на улицата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Седнуваше меѓу нив, божем колку да испуши една цигара, одговараше на нивните прашања коишто не беа многу, но секогаш промислени на рамништето на нивната љубопитност и сигурно насочени кон тоа да дознаат што повеќе за него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Македонија е школски пример за фантастика - за премин од едно на друго рамниште на раскажување; - за премин од реалниот во измислениот свет - за губење на границите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Милиционерот назадгазум влезе во мракот под скалата каде што имаше врата чии праг беше на повеќе од половина метар над рамништето на ходникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)