револуција (имн.) - во (предл.)

Тоа сѐ уште би било премалку во едно општество какво што е хрватското, општество на перманентна национална револуција во коешто побуната стана општонародна работа и дотолку само израз на еден масовен конформизам, додека едноставната човечка нормалност станала општествено неподнослив ексцес.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ја сместивме во индустриската револуција во Европа. � Т.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Жестината на елементите ми предизвикуваше револуција во градите, во ставата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сепак, јас ќе се обидам да го направам тоа во поглед на една револуција во философијата, онаа постмодернистичката, и на тоа движење во поглед на еден философ - Жак Дерида (Jacques Derrida).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во нивните објаснувања на неговата теорија тие обично ги истакнуваат аспектите во кои тој се разликува од традиционалната философија, како што се неговото пркосење на идеалите на извесноста и интерсубјективноста; неговото откажување од метанаративите; неговиот стремеж да ги разложува дистинкциите; отфрлањето на фундационализмот (втемелителството); и неговата разиграност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се разбира, јас нема да почнам да го применувам ова тврдење во поглед на некое од овие полиња.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сиџилите ќе извршат револуција во расветлувањето на историјата, во текот на четири века, не само на територијата на некогашниот Битолски кадилак туку и пошироко...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога го откриле се мислело дека е најсигурна материја за смирување на секакви болки и дека ќе направи револуција во медицината, од кадешто доаѓа и неговото име.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Елиот предупредува дека секоја револуција во поезијата може да доведе до враќање кон обичниот јазик.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А.А. продолжи самоуверено: - Првите атеистички музеи никнаа по Октомвриската револуција во СССР во големите катедрали во Ленинград, Москва, Киев и во многу други градови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
MARCEL DUCHAMP
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со своето дело и живот, Марсел Дишан направи вистинска револуција во модерната уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исходот е многу зборување за философските револуции, револуциите во свеста; овие револуции сепак, не се одразени од ништо што Маркс и Енгелс би го препознале како „материјална основа“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во Полска се дигнаа работниците, востание, револуција во Унгарија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во 1896 година неколку ученици од Пловдивската гимназија формирале тајна група со цел да се борат за ослободувањето на Македонија преку револуција во самата земја.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Се лажете. Од сите три теории заедно, поголема револуција за човештвото има предизвикано изумувањето на казанчето за тоалет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа ќе биде третата голема револуција во човековото поимање на светот и себеси, по онаа на Коперник и Дарвин: Коперник му покажа на човечкиот род дека не е центар на универзумот, Дарвин му покажа – дека не потекнува од Бог туку од мајмун, а јас – дека човекот не е она што мисли дека е.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговата дејност завршува во 1917 г. со Октомвриската револуција во Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се дигне револуција во полза на сите народности во Македонија, треба комитетот да биде образуван од претставници на сите македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Роден во Будимпешта 1950 г., на истекот на Сталиновата деценија, Џорџ Леграеди (George Legrady) со своето семејство ја напушта земјата за време на Унгарската револуција во 1956 и оди на Запад. OГЛО: Како дојдовте до идејата да ги ставите елементите од вашата колекција за Студената војна на CD-ром? IГЛЕ: Не сакав веќе да го држам целиот тој материјал во глава.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од друга страна, не мислам дека самата технолошка можност да бидете комплексно поврзани треба да внесе револуција во светот на архитектурата, иако, на пример, куќата на Бил Гејтс со милион екрани наместо ѕидови често се претставува токму како некаква пресвртница во она што значи дом или куќа за живеење.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беше вистинска револуција во однос на она што тогаш го имавме како детско-едукативна понуда.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Францускиот теоретичар Пол Вирилио зборува за „дуплирана реалност” (односно, теле-реалност), која подразбира дејствување на нашите сетила на далечина (т.е., ние денес гледаме, слушаме, дури и чувствуваме на далечина, преку технологијата).13 Така технологијата и технолошката револуција во сферата на информации отвораат цела низа можности за сретнување и меѓусебно проникнување на различни култури.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Слична разуздана отпуштеност се надоврза Камилски ќе биде забележана во употребата на рускиот јазик во постреволуционерна Русија, но до вистинска револуција во рускиот јазик ќе дојде кога Сталин ќе стане неприкосновен владетел на СССР.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таков беше и во времето кога во Сорбона, пред професори, интелектуалци од десницата и левицата, ја бранеше Октомвриската револуција во Русија, како светилник на човештвото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во епохата на револуцијата, употребата на странските зборови добро вклопени во рускиот јазик се сметаше за едно од главните обележја на јазичната слобода којашто спонтано се наложуваше, се создаваа редица неологизми, превладуваше плакетарскиот и телеграфски стил, се создаваше своевиден пролетерски израз на јазикот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кралот Фридрих најмногу од сѐ бил заинтересиран стариот Бах да ги испроба новите пијана Зилберман, зашто со право му се чинело дека тој инструмент ќе внесе револуција во музиката.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова се случува низ целата еволуција, некои од потресите во еволуцијата предизвикаа револуции во општествата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На плоштадот на револуцијата во Москва гладта доаѓа катаден кога е ручек време доаѓа како на волшебно килимче на лепче намачкано со маст и црвен пипер доаѓа и се клешти како гласник на светските промени се клешти и како седмоглав аждер го задева Свети Ѓорѓија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Кејџ пред сѐ е преокупиран со Мек Луан-овата теза за технолошка револуција во општите средства, која конечно (ќе) ги сруши границите на тесната, парохијална цивилизација основана на печатениот збор, и со помош на електронските продолжетоци на сетилата ќе го обедини светот во единствено “глобално село”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Беше примен и од тогашниот претседател на Рерублика Македонија, Киро Глигоров, од ресорните министри, посети неколку потенцијални фармери, предели во Македонија каде што сметаше дека ќе има најдобри услови за новата козја револуција во земјата на некогашната бела контрареволуција на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Припитомена меѓу првите животни од човекот во рајските градини на Месопотамија, козјата трагедија, според Жан Домек започнува по Француската буржоаска револуција во 1789 година, кога во името на прогресот, започнува борбата против козите, како животни кои, уништувајќи ги шумите и цветните градини во Франција, ја загрозуваа цветната иднина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)