Оваа еднобојна, зимска студена и мразовита панорама, се разбива пред самиот Пазарџик врз безбројната, непрегледна и долга редица на еднотипски оранжерии, кои дефилираат пред зачудениот патник.
               
             
           
            
            
              „Патувања“
               од Никола Кирков 
              (1982)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Градот е пекол, градот е студ  градот е преплавен со разврат и блуд  и секој чесен го сметаат за луд  во градот е потребен страшниот суд  Редици на шалтери, редици во банки  редици во болници, редици во Бутел  ефтина шминка на ефтини луѓе  ефтин дух во градот прескап
               
             
           
            
            
              „Проклетници“
               од Горан Јанкуловски 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
               
             
           
            
            
              „Невестата на доселеникот“
               од Стојан Христов 
              (2010)