рид (имн.) - во (предл.)

Малку го подболува сеќавањето, како млечното запче пред татко му да го поведе кон највисокиот рид во родниот град.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Си раскажуваат секакви рибарски сказни, и преданија за Голем Град, некогаш извишен рид во Преспанското поле, а сега Царски Град - среде езерската шир.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
За своите појавувања секогаш избира место на прилична раздалеченост па нашите разговори наликуваат на довикувања од рид на рид во кои по правило одделни зборови се губат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веслата длабоко ја зафатија водата, г’жвите скрцаа, чунот се заниша леко, се навали малку на едната страна и тргна побргу накај високата карпа со која газеше ридот во езерото, а зад која беше живописната рибарска населба - Канео...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Напати ќе ни се затркала од ридон во присојон, од под млакине горе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)