роднина (имн.) - во (предл.)

Тој кај кого можат да се кријат Хаџи Ташку и дружината, вели Лазор, може да биде Амдија Муслиоски или Џафер бег Мустафовски, тие имаат роднини во Прилеп, а за веселчанци треба да научиме кои им се пријатели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако дојде редот пак да ни солите памет од преку граница, тогаш ќе се прашаме! — одговори еден од Борисовите четници и помина во другиот табор, инстинктивно чувствувајќи кој е со народот, а кој против него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си ги нарамија пушките и кинисаа да ги делат страданијата со своите блиски и роднини в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се сврте и рече: -А најдобро ќе биде, додека не се смири работата, ти да одиш кај некои твои роднини во Косинец или Смрдеш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти добро ги запозна нашите роднини во Измир кои се на врвни судски позиции, тие лесно го преточија своето кадиство во новото судство, макар што престои уште многу тежок и неизвесен пат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на заминување запре на прагот на куќата која беше под сенката на лисјето од голем даб, која набргу стануваше светлина, светлина на неговата цариградска младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сè беше подредено на желбата да се оди кај роднините во Коленово.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„... Таа жената моја беше од битолските села и таа имаше еден роднина во Америка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А може да биде и грешка во спелувањето како на еден негов роднина во Прескот, Аризона кој поради тоа од Васил Јованов стана Бил Ајван.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука, после, Дракче неколку години беше со тетка му, сестра на татка му, ама пошто таа беше пресиромашка и самата да се храни после Дракчета го зеде некој роднина во Охрид...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас и со Целета малу имав работа, но знаев дека тој наоѓаше луѓе со роднини во Америка, ќе ги наговореше како да побараат стрептомицин од роднината, да му речат дека мајка му или син му се на умирање, така некако.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еден наш роднина во градот порача кафе и кога виде дека нема кајмак, му се пожали на келнерот, а тој, пезевенкот, се врати во кујната и во филџанот плукна неколкупати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ние дојденците немавме блиски, роднини во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Семејството на авторот, има роднини во Албанија, Турција и тоа ја сугерира сагата на балканското семејство, кои се истовремено во повеќе земји, што не ги олеснува работите на индивидуално ниво, без да зборуваме за посложените проблеми...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше среќа за којашто човек може само да сонува, сè до тој викенд кога Марија го изнајми автомобилот и тргна да ги посети своите роднини во Сарагоса, со ветување дека ќе се врати до понеделник во седум часот навечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една недела подоцна на вратата се појави полицаец со вест дека е пронајдена само каросеријата на автомобилот на една споредна улица во Кадиза, двесте километри од местото на коешто го оставила Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше омажена за еден салонски магионичар, со кого што требаше да се сретне тој ден по посетата на роднините во Сарагоса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Изгледаше како накиснато врапче во својот студентски капут и во пролетните сандали, и беше толку вознемирена поради непредвидената несреќа, што заборави да ги понесе клучевите од автомобилот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По војната Цветко го бараше секаде: и преку пријатели и преку роднини во Белград, но никој ништо не знаеше за него.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Беше исчезната. Накрај, очаен ја повикав нејзината роднина во Лачмонт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја сретнав еднаш - таа беше едноставна, опуштена девојка со нездрав изглед кај која работата со гените тргнала наопаку за разлика од расцутената Бреда - едвај смислив што да ѝ кажам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Измислив приказна за мајка ѝ која умира во Феникс, за работата што пропаѓа, дека пијам премногу и размислувам за самоубиство, уништување и судниот ден, и дека морам да разговарам со Бреда уште еднаш пред крајот, и дали таа случајно знае каде е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)