рудник (имн.) - во (предл.)

Ја пушти раката кон едно цветно гранче што допираше до прозорецот; го скрши; пред да го помириса, забележа пчела нурната во цветот; го остави гранчето на прозорецот и почна да ја набљудува пчелата; ја гледаше колку е занесена во цветот што не узна дека гранчето е оделено од дрвото и дека се наоѓа во неговите раце; дури и кога со сламката ја помрдна малку, таа не одлета; цветот ѝ беше како рудник во кој длабеше: кога го собра сиот сок, кога го испразни, излета и зафати да врти низ лабораторијата, да зуи оддавајќи немир, паника.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сетне се слушна глас дека бикот е виден покрај влезот на јамата на напуштениот рудник во Богословец, како квечерина исчезнува во темнината на рудникот, а наутро пасе по ридиштата кај минералните извори на Богословски Рид.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Султанот и го продаде стариот златен рудник во Рожден на италофранцуската компанија Алатини и Шарио за сто години и тие го прекрстија местото од Маданот во Ал-Шари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За вториот ин знае дека работи во некој рудник во Канада, за Коца, дека е испратена на заточение на островот Егина во Егејското Море, затоа што момчето и заминало со Егејската бригада...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)