Тој се одушевувал од сите настраности на светот а неговиот                                 „кабинет на чуда“ набрзо станал славен во Европа.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 26-28“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Патуваш по границите рани, странични
   на вселената – изведена смисла/свет
   а таму душата лебди, бдее
   бедеми бедни та раскошни
   со плимата плиска
   со осеката секне
   секавично и ведно
 
   гледаш и мижиш во длабините
   и самиот длаб
   на етерот бладање, сон на сенката
   светилник на помрачението
   блаженство во јадот
   страст за питие
   смрт и заборав
   за лага и заблуда
   за облик, опиум!
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Меланхолија 
 
   
 
   Понекогаш
   кога ќе се сетам
   дека сум била
   љубена
   онака како што
   и сама-та
   сум посакувала
   во некој друг
   живот 
 
   ме обземаат морници
   од нелагодност
   својствена
   за оние кои
   не се од овој свет 
 
   а би сакале
   да бидат. 
 
   
 
   
 
   Смртно сама 
 
   
 
   Објасни си барем себеси
   за себе. 
 
   Несаканата љубов е еуфемизам
   за оддалечувањето од себе. 
 
   Кога себеси си стануваш туѓа
   како созреано, осознаено
   дете.
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)