светилка (имн.) - во (предл.)

Стоев крај уличната светилка во Кралската алеја и ја гледав испрсканата облека.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А нападот понекогаш може да претставува вистинска стратегија. ѝ светнаа сите црвени светилки во еден миг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Црвената светилка во главата го предупредуваше дека нешто ќе се случи, но не знаеше што.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Просторот е затемнет, со одвај видливи светилки во аглите и со магли меѓу масите и таванот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се враќаше со големата торба од телешка кожа полна со домашни задачи и ги прегледуваше навечер, на електричната светилка во кујната, седнат до топлиот шпорет.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тестото спласна, острите светилки во многуте очи изгаснаа, далеку планините беа меки и проѕирни лисја момирок и покриени со водникавомлечна пара.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Милион светилки во исто време се прелеваа во различни контури.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само што беа згаснати малкуте светилки во домот, сите гласови молкнаа. Беше глуво, пусто, темница.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се надевам тој ден на мене ќе личи. На сите светилки во душата што ги носам за нов ден.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Згасна и последната светилка во мракот ѕвездите ги проголта густа завеса од облаци мракот ко надојдено море плиска по споменот гордоста ја побарав во тажните сништа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Откако се збогува со својата сопатничка, Марија сакаше да ја врати прекривката, но жената ѝ рече да си ја покрие главата додека поминува низ дворот и да ѝ ја врати на влезот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Патничките, чиишто лица одвај се гледаа под бледата светлина на една светилка во дворот, останаа неподвижни сѐ додека жената со војнички изглед не им дозволи да се слезат со неколку едноставни наредби, како да им се обраќа на деца од градинка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)