сигурност (имн.) - да (сврз.)

Анализирајќи го сето тоа од денешна перспектива, од една временска дистанца која не е толку мала, ние можеме со сигурност да тврдиме дека репортерските записи на Никола Кирков влегуваат како интегрална составка на драматичните општествени, социолошки и културни процеси на времето што е мотив на овие новиварски анализи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Госпоѓа Мариела ја затвори папката, погледна во возбудените лица на осамените срца, направи пауза од неколку мига, и рече: „Ве слушнав и можам со сигурност да ви речам, вие сте во право.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Само едно“, рече, „не можеш секогаш со сигурност да се потпреш на пишувањето на Барт.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Да си одиме по пругата“, рече Земанек и јас знаев зошто вели така: во таа општа дезориентираност во тој широк простор, во таа светлина што гаснеше, единствена сигурност да не се изгубиме нудеше пругата; таа водеше некаде, водеше на конкретно место, и гарантираше дека ако се оди по неа, нема да се скршне од вистинскиот пат; мостот нѐ воведуваше право во тунелот, тунелот што изгледаше како да ќе нѐ шмукне, како да ќе нѐ голтне, како да ќе нѐ спроведе на саканото место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден таков заскитан далечен гостин можеше да биде и гладен; тоа беше сѐ, што можеше со сигурност да се претпостави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ИВАН: (Доверливо.) Луков доби задача, во најскоро време и со стопроцентна сигурност да го организира убиството на Ѓорчета Петров.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ова не можеше со сигурност да се тврди, ама во нашите облеки можеше да се забележат невообичаени делови од зелени, од пепелаво-сини, од црни платна...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)