синџир (имн.) - да (сврз.)

Незе ѝ се закачи во умот веќе Витолишча и Илко, и сега со синџири да а врзиш ќе окине и ќе дојде. Такви ти се виа чумите наши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш Тимко сакал да го однесе некаде горе на зимниците, да го скрие таму и го зел синџирот да го врзе за да го води.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Да не треба поради твојот детски егоизам дома со синџири да бидам заврзана и постојано да ви стојам на располагање? Како робовите, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тогаш би биле задоволни, нели?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Жестока казна е тоа некој и в соне над сите светлини само твојот синџир да го слуша.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)