Понекогаш доаѓа и до преплетување на цревата  Ама тоа веќе одамна не се есапи за болест за умирачка  Што значи сонувањето и скокањето можат да продолжат  И тоа така да продолжат што јасно да се стави до знаење  Дека просторите низ кои се скока немаат соседи  Како што ни владетелите вклучувајќи ги и македонските владетели  Ниту имале ниту ќе имаат пријатели  И како што е историска и личен малер за секој маж  Која и да е убава жена да му стане пријателка
               
             
           
            
            
              „Сонот на коалата“
               од Ристо Лазаров 
              (2009)