Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи:  Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
               
             
           
            
            
              „Балканвавилонци“
               од Луан Старова 
              (2014)