смеење (имн.) - на (предл.)

Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Продолжив да мижам и да го слушам слаткото смеење на Блажета Конески.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Го наслушна шумот во грмушките отаде потокот, ја отвори устата. тоа беше безгласно смеење на човек што не знае да заплаче, туку, сеедно, и на друг начин го покажува својот јад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му се чинеше дека го разбираат уште помалку од тогаш и студена пот го облеваше кога се присетуваше на ироничното смеење на оние што тогаш требаше да донесат судбоносни одлуки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)