согласност (имн.) - во (предл.)

Од ова следат повеќе нешта, од кои само две се непосредно релевантни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На прво место, еден разлог за неприфаќањето на Витгенштајновото отфрлање на интенционалистичката психологија, како што видовме, е огромната супериорност која тој, како експланаторен систем од поими, ја има врз голото гестикулирање во поглед на фактот за усогласеноста во однесувањето заснована врз „согласноста во судовите” од која зависи Витгенштајновото објаснување на владеењето со правилата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Заклучната поента, во поглед на врската помеѓу следењето на правилата и размислувањата за приватниот јазик, е следнава.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Доколку смислата на изразите во јазикот е конституирана преку правилата за нивна употреба, и доколку тие се можни единствено врз основа на согласноста во рамките на една заедница, следува дека јазикот е нужно, т.е. логички, јавен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Доколку навистина интенцијата на предлагачот е унапредување и зајакнување на заштитата на човековите права и слободи, тогаш требаше да бидат прифатени сугестиите на експертите и стручната јавност кои сугерираа таксативното набројување да биде заменето со една општа формулација која би ги опфатила сите права и слободи гарантирани со Уставот, како и оние гарантирани со Европската конвенција за човекови права и останатите меѓународни конвенции кои ги штитат правата на човекот ратификувани во согласност во Уставот, со што со ваквата формулација би дошло до хармонизација со чл. 8 ст. 1 и ст. 8,147 и чл. 118148 од Уставот на РМ и целосно би се применил супсидијарниот принцип во процесот на заштита на загарантираните права и слободи, со што би се следела успешната примена на уставните тужби во земјите од поранешна СФРЈ како Словенија и Хрватска или пак Германија, чиј модел го следеа најголемиот дел на европски земји при имплементирањето на овој позитивно-процесен инструмент.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
„Корисно е секоја дадена локална култура да се опише како посебен сплет од жанрови“, пишува Рос Чејмберс, „при што жанрот се сфаќа како конвенционален хабитус што повлекува разбирања и согласности во кои не мора конкретно да се преговара за ‘видовите’ на општествена интеракција кои се возможни под закрила на таа култура...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)