сол (имн.) - во (предл.)

И да бидеш среќен што си мало зрнце сол во големата, испомешана, вкусна, во три води варена манџа на народите.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И сол во раните на крвавите дланки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Поинаку“, рече агентот. „Малку сол во твојата отворена рана, малку пламен од запалка.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И не секирај се, ќе им помине оваа фаза, треба да бидеме стрпливи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ај оди сега, размисли малку и друг пат не ставај сол во секоја манџа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јаренцето ги познаваше многу добро неговите раце и сега тоа ги лижеше нив, задржувајќи се со јазикот најмногу на неговите нокти, на јаболкцата и на подноктиците, каде што остануваа скриени зрнцата сол во поминатите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
22. Ако чудесните трансформации, кога, пред заканувачката потера, фрлениот чешел израснува во трње како корија, солта во планина од пештери и камења, врпците во змии и смокови, капката масло во маслено езеро (во кое гонителот се удавува) се доживеат како прекрасни поетски слики, тоа не ми брани во овој бајковиден детаљ да го побарам сопственото етичко толкување.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Некој со топук се обидел да го здроби недоречениот стих на Мевлана. Попусто до проклетство. Забите уште повеќе се разголеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа глава, таква, само со сол во ноздрите и во устата и со вешто врзани бравски рогови на високото чело, ја прошетале на врв копје пред тапани и пред сурли по градот; пред стариот вардарски мост ги преплашиле сакатите просјаци и им ја фрлиле на пци скитници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ако нешто постои исправено, па дури да е свето и славно го откажувам со желба и доброволно се до дното, само немојте повеќе под ноктите со спици, немојте сол во раните и вода до збеснување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И сол во раните на крвавите дланки. И брчки на измаченото лице како нерватура на пеперугини крилца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рударите сега веќе ги нема, ама како да ги има нивните сенки кои во чекор ги следат посетителите кои, пак, не знаат со која рака да се крстат пред крстовите од сол во подземната катедрала и пред засолените рани на Исус кога го влечеле на Голгота.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)