соработник (имн.) - во (предл.)

Тој реши да одмаздува за сето тоа ропство и си постави задача да тепа бегови, да пљачка нивни имоти и ете го: најде соработници во Мачникот и Митра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По ослободувањето на Климент од Голи Оток, откако се нормализираа односите помеѓу Југославија и СССР, тој првин беше вработен како професор по француски јазик во едно основно училиште, а потоа беше унапреден како соработник во Државниот архив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според систематизацијата на работните места таа првично работеше на работно место стручен соработник во Стручна служба, а од мај 1998 беше распоредена на функцијата раководител на Службата за материјално-финансиско работење, за којашто се бара завршено високо образование – економски факултет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вујошевиќ има склучено договор за вработување на неопределено време и, пред да настане конкретниот спор, таа веќе имаше остварено работен стаж од 17 години во истата организација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И татко ѝ, лекар, и мајка ѝ, научен соработник во Институтот за јазик, се трудеа, како што велеа, да ја вратат во стварноста.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
С. С.: Еј, Ѓ. С. како се викаше оној пеачот Хачу Хучу нешто...сите соработници во МАРГИНА имаат псевдоними па јас си го одбрав тој?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И така, не сакајќи, тој и јас да ви станавме соработници во некој вид на реципрочно омасовување, во кое бевме успешен, иако неволен, тим.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас бев застапникот, највисокиот преставник на Титовата креација во земјата на Титовиот пријател од периодот на неврзаноста, таткото на туниската нација Хабиб Бургиба, во времето кога продолжуваше да живее култот на Тито, со последната генерација на неговите соработници во колегијалното претседателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Картагинците Хабиб Бургиба и Јасер Арафат беа антиподни личности во нивното разбирање, прифаќање и однесување кон владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но многу години пред да се засолни Јасер Арафат со своите најблиски соработници во Тунис, заедно Палестинската ослободителна организација во 1982-та, по опсадата и напуштањето на Бејрут и Каиро, тој кон крајот на 1974, пред да замине во Њујорк каде што ќе го одржи (на 13 ноември 1974 г.), својот познат говор на Генералната асамблеа на Организацијата на Обединетите Нации кога ПЛО ќе биде примена за набљудувач, ќе запре во Картагина да го поздрави Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Навистина, машкото излезе поумно од татка си, па прво заврши факултет а дури потоа со женачката се вработи, ама пак во радиото како соработник во внатрешнополитичката редакција.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не се обидуваме да го одразиме општеството, се обидуваме да создадеме ново. Adrian Dannatt е радовен соработник во Flash Art. Gillbert е роден во Италија, во 1943 год.; George е роден во Англија, во 1942 год.; обајцата живеат во Лондон.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)