соучесник (имн.) - во (предл.)

Татковото останување во Цариград не се оствари според соништата на неговата мајка Хазбија, прва братучеда на Али Фети Беј Окјар, соученик на Мустафа Кемал Ататурк во турската Воена гимназија Идадије во Битола, негов пријател и еден од главните соучесници во создавањето на нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Литературата не е соучесник во овие процеси, туку по налог на својата специфична функција таа е само сведок, честит и храбар сведок, којшто не молчи туку гледа и кажува, добро гледа и добро кажува и трајно посведочува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Биле уапсени, обвинети како соучесници во атентатите и доведени во Солун над 20 души, меѓу нив: Ѓошо Попјорданов - татко на Орце, Петар Попјорданов - брат на Ѓошо, Иван, Илија и Гиго Попјорданови - синови на Петар, Илија Малинкин, Алексо Минов (Канино), Лазо и Никола Органџиеви, брат му на Тодор Органџиев - Ѓошо, зет му Тодор Ванов, Иван Бошков, Ангеле Кирков, Диме Ничев, Гиго Шарлаганџијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За да ја оправдаат политиката на масовни затворања и прогонувања, тие го лансирале тврдењето според кое немало егзархист во Солун, па и во Македонија во целина, кој не бил, барем морално, соучесник во атентатите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Шатев пишува дека му треба простор за да ги прикаже сите соучесници во солунската динамитна акција, меѓутоа, поконкретно зборува само за неколку, а на другите не им ги посочува ни имињата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите атентатори, освен Шатев, се посочени како сведоци што го признаваат, покрај своето дело, и делото на својот соучесник во акцијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Знам дека сфаќате оти јас воопшто не се сомневам, дури ни не помислувам дека некој од болничкиот персонал можел да биде соучесник во исчезнувањето на Загорка Пеперутката!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го повика во палатата претседателот на Парламентот, својот врсник, и соучесник во главните битки за независност на Тунис, познатиот туниски писател Махмуд Месади.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сметај се само за соучесник во нашава акција - нареди Величковски и покажа кон мермерниот влез на Уредот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)