социјализам (имн.) - во (предл.)

Податокот 5.  Оваа и следната точка, главно, се темелат на споредбено-историската анализа на Д. Апасиев под наслов „За плебејската идеологија“, направена во склоп на коавторскиот зборник (заедно со професорите С. Шкариќ, Б. Ванковска, Љ. Цуцуловски и М. Ѓурчинов): Социјализмот во XXI век – минато, сегашност и иднина; СПМ, Скопје, 2010; стр. 114-156. 16 дека вработеноста на членовите на семејството сè помалку обезбедува пристоен живот без сиромаштија, буди сериозна загриженост кај секого со хуманистички настроен и здрав разум, и повикува на вклучување на алармот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа ја нагласува важноста на категоријата на “слободата” за жените од еден систем на државниот социјализам во кој еднаквоста & беше претпоставена на слободата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Јас, син на некогашен албански емигрант, пребегнат од Поградец (Албанија) во Струга (Македонија), во далечната 1943 година, бегајќи со семејството од фашизмот во Албанија, преживувајќи во социјализмот во Југославија, станав прв амбасадор на новата Република Македонија во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја следеше и идејата на социјализмот во западните европски демократии.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не успева социјализам во олку студена земја, велат, којзнае во каква агрегатна состојба ќе се претвори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во почетокот, Ла Ринашенте го дополнуваше нашиот буквар, ги збогатуваше, на чудесен начин, сликите од изградбата на комунистичкиот социјализам во нашите учебници по запознавање на општеството, по географија, по историја, по марксизам, кои им контрастираа на сликите на една капиталистичка земја, посебно со каталогот од модата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Низ животот на Мајка, кој се одвиваше речиси во целиот тек на дваесеттиот век, се збиднаа и балканските војни, Првата и Втората светска војна, раѓањето и падот на комунизмот на Балканот, како и она на сталинизмот, распадот на Југославија, создавањето на Македонија, транзицијата од социјализам во капитализам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)