спална (имн.) - во (предл.)

Во спалната во која нѐ внесе доктор Гете, на десетина кревети лежеа жени – некои неподвижни, други се превртуваа во креветите и мумлаа, една од жените беше со врзани раце и нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Компјутерот како мемориско место Компјутерот е нешто повеќе од машина на моето биро - тој е место за мојата меморија, моите сеќавања, а тоа е она за што зборуваме кога велиме дом. 22 okno.mk Компјутерот како средство за комуникација Додека во САД два или повеќе телефони стануваат стандард, Виена тукушто започна со преместување на телефонот од спалната во дневната соба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Саноќ офкаше на глас, проклет да бидам, минеше од спална во спална офкајќи на сиот глас само за да не спиеме и ние.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неговата уста и понатаму е отворена, но очите отсутно гледаат низ прозорецот од спалната во прскалките што ја полеваат тревата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На крајот од спалната, во аголот, на еден кревет, лежеше Клара во бела ноќница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)