специјализација (имн.) - во (предл.)

Втората, Линда Еванс (Кристл) својот лик во Династија го искористи за понатамошна специјализација во правец на слични улоги.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Како? - Па вака: ти да си најдеш некоја со наместен стан, со перспективна работа, со национализиран мираз или имот, со специјализација во странство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но со сигурност негов наследник ќе биде еден од оние десетина генерали кои на времето уште како матуранти, по силниот селективен избор на најдобрите, биле испратени на студии и специјализации во најелитните универзитети во САД и во други европски центри, да се наоружаат со знаење во повеќе дисциплини, во воените, безбедносните, разузнавачките.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука се нашите прекалени хидроинженери, со соодветни специјализации во Советскиот Сојуз и другите социјалистички земји.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Брат ти? - Брат ми и неговата кокона. Им завршила специјализацијата во странство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш собрав поголема група млади талентирани и амбициозни луѓе, ги пратив на специјализација во најпознатите скопилишта по светот и кога се вратија целиот народ го подвргнав на скопување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)