срце (имн.) - ги (зам.)

Со тешко срце ги зготви и ја повика на вечера половина зграда.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Со скршено срце ги остави твоите мама и тато...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Со болно срце ги сведнавме главите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стариот вагон со премалено срце ги гледаше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тврдоглав а со разјадено срце. Со главата прави глупости, со срцето ги боледува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Појде во пресрет на смртта во егзил во својата Палестина, слободна во соништата, оставајќи ги последните траги на својата легенда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинците на кои им се придружив во толпата во париската болница, каде што неговото срце ги одбројуваше последните отчукувања, велеа дека во секого од нас остана нешто од Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Знам, вашите солзи тежат како црна земја, плачот на вашето срце ги пара порите на земјата, само вие ја знаете вистината, вие кои ја видовте со своите родени очи, бидејќи ниту еден од ситните души ја немаше храброста да погледне во целиот свет, урнат, запален, срушен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го свлечкаа внатре, пресвиснат и нем. Луѓето со стегнати срца ги бришеа очите. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)