стремеж (имн.) - во (предл.)

Мене, затоа, стремежот во оваа книга ми е да го испитам и да го заземам секој јаз што ќе можам да го ископачам меѓу признатиот факт за културната различност на геј- мажите и неговата одрекувана вистинитост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како и многу друго во модерната уметност така и корените на овој интерес за детската уметност лежат во романтичарското движење кое меѓу другото, детската наивност ја интерпретира како „генијалност”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со исклучок на третиот текст (кој, иако истргнат од врзопот текстови во кои се расправа за феминизмот во пост-комунизмот, дава одлична слика за феминистичките стремежи во поднебјето во кое и ние пр(о/е)живуваме), останатите текстови предочуваат дел од главните определби и настојувања на „западната“ феминистичка философија, како и нејзината поврзаност со постструктурализмот, постмодернизмот, (пост)прагматизмот, херменевтиката, феноменологијата, идеологијата, политиката.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
По доцниот пад на сталинската диктатура и стремежот во еден здив да се фати ритмот на новото време, по катарзата на внатрешните пресметки и реваншизмот, по отворањето на половина век затворената земја, овде како никогаш се беше забрзала историјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
МАРГИНА елементи на самосвест 10
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Изложбата „Невиното око: Детска уметност и модерните уметници” и каталогот (од кој е адаптиран овој есеј) имаат цел да го надокнадат пропуштеното, и постапно да ни овозможат подлабоко разбирање на креативните процеси и стремежи во работата на модерните уметници.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некакво искуство кое би ги поддржало ваквите стремежи во (македонската) политичка и културна традиција, не постои, што значи дека секој кој ги смета за свои во денешна (Македонија) мора да биде незаконско дете на сеприсутната национална традиција, значи бастард. okno.mk | Margina #32-33 [1996]
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)