струја (имн.) - на (предл.)

Но веќе во четвртата деценија на дваесеттиот век, сите главни струи на политичката мисла беа авторитарни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Воопшто не се впушташе во заводливото преплетување на философските и литературните жанрови, кои на крајот се влеваат во струјата на „општо случување на текстот“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа зелена база ќе ги црпи свите животни струи од блиските минерални води на селото Варвара и од вештачките топли струи на мазутното гориво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Водата е мошна чиста и бистра. Далеку од брегот се распознаваат струи на пенливо бела вода во зелената езерска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Поетот остана сосема рамнодушен кон идејата дека медиумот на писмото би можел да му овозможи на текстот темелна автономија, со тоа што ја израмнува општата разлика помеѓу дословниот и фиктивниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бело-црните штркови носени од топлата струја на ветерот вртат широки кругови над водјето и фаќаат висина повисока од ридјето на Пелистер и Галичица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)