телеграма (имн.) - во (предл.)

Заборавот силно се наложуваше во доменот на мисијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И не измина ни еден час од нивниот разговор и Тозлун-бег не беше уште, така да се каже, ни тргнал со војските, а пашата испрати телеграма во Битола до главниот командант во Македонија, Назар-паша, во која му јавуваше како “во овој момент“ тој, Бахтијар-паша, влегол во Крушево.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Евгенијадис на 30 април, односно на 29 по полноќ, испратил телеграма во која меѓу другото стои дека околу 8 часот вечерта (на 29 април) се фрлени околу 20 бомби врз кафеани и други места во центарот и во неговата периферија, предизвикувајќи паника.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Остануваше да ја напишам последната телеграма во Сојузното министерство за надворешни работи во Белград, која ретко кој ќе ја прочиташе во тоа време, кога во земјата се страхуваше од југословенското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше навистина дел на голем механизам, во кој добро си го знаеше местото, за разлика од мене, кој трагаше по своето спокојно место од телеграма во телеграма ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да ја напишев првата телеграма во која јунакот ќе беше анти-херојот, картагинскиот градинар Раиз, ревносниот шифрант Петар Иваз, сигурно ќе ја испратеше шифрирана до Централата, колку и да му се видеше невозможна, невообичена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неколку дена пред Вртолум (денот кога Лоте Томев ја славеше годишнината од својот повторен живот) испрати неколку телеграми во селото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На 4 мај сестрата Писи, покрај другото, во својот “Дневник“ го запишала и ова: “Денеска еден млад човек се преправал дека носи телеграма во телеграфското биро.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)