темнина (имн.) - во (предл.)

Таа е дојдена за друго, самовилска ќерка, таа е дојдена да ги земе Петревите лоши очи, тие очи во кои засекогаш ќе биде најубав нејзиниот лик, а нему ќе му остави пуста темнина во која ќе ја бара.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го поздравив плашливиот провален провалник кој исто како и јас нестрпливо ја очекуваше вечерта – темнината во која полесно се краде, пие, танцува, сака... (Умирањето е добро и в зори.)
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ова сакав да биде сфатено како приговор на неговото однесување бидејќи бев со впечаток дека него, за жал, некои битни моменти од моите искажувања го одминуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Секое ново сознание е корисно - реков следејќи го бавното оддалечување на иследникот кон темнината во прозорецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
БОГЕ ОД БАЊИ
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и ти, другар Даскалов, сигурно си имаш речено:"Кој знае какви проповеди му има одржано на Ивана оној Боге!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тој И понатаму се оддалечуваше кон темнината во прозорецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Знам, како и обично, најмногу сомненија ќе и бидат препратени на совеста на Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Крикови ја распаруваа темнината во големите спални во текот на ноќите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа се криковите на оние кои се осудени да го делат своето лудило со туѓото лудило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоев осамен и очуден си го слушав само гласот како се оддалечува и гасне во темнината во сенките на сокаците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Стреперив сиот зашто и по третпат очекував да зафучи студеното ветре околу моето срце и да се вознемири стаената темнина во моето сеќавање, во кое се беше счучурил, уште со првиот поглед.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сета темнина во мене што беше, исчезнуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сè што чувствуваше тој, сета наталожена темнина во него, со сопствените прсти во светлина ја претвораше, ја редеше врз делото што го нарече Оној-што-се-пресоздава-себеси.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пчелките нежен касај ми оставија, ко цветови од црвени усни Во дремката на ноќта, празноглав со стакленици ги потпирав капаците на темнината Во небото ѕвезда Деница светкаше Мракот се стопи во зракот на утрото Со сиот жаргон се обидувам да го спасам денот кој навестува нова мора... залудно
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Исчезни Оди исчезни, заедно со ова зајдисонце.. да нема ни траг од тебе по моево тело.. замини со ноќта како сноп од темнина во мракот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Да излезат од темнината во светлината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако и самиот тој на моменти не беше сигурен дали да се надева во излез од темнината во која потона Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите десет души влегоа во темнината во Прилеп, секој сам со no едно магаре товарено борина, штици, чатми, маст, сирење, волна, жито.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не, шумеше крвта. Се лажеш. Јас без темнина во тебе. Се притајував, демнев од заседа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А кога ги склопи очите, несопирливо потече со настаните, ја надрасна темнината во непроветрената соба, се најде таму каде што беше пред повеќе од две години, на планина, на пуста гола планина од чиј врв ноќе можеа да се соберат ѕвездите испрскани со крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Постојаа наредните пет, па десет минути додека темнината во нивните глави, во мрежниците, не предизвика болка од милион огнени дамки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Или ако бевме спомнати како сведоци кои сметаат дека е најумно да го заборават она што го слушнале?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но во темнината во која наеднаш почнав да се будам знаев дека и најдалечното жарче светлина е знак на животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А гласот што доаѓаше како навистина да патувал долго.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)