тераса (имн.) - во (предл.)

Така обично течеше разговорот меѓу капетанот Саво Крстиќ и кревката и нежна Снежана, на пространата тераса во зградата која што беше една улица оддалечена од Петроварадинската Тврдина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од хотелската тераса во Охрид сега го пулат езерото неоти во неговите бранови или можеби во ближните егејски бури ќе најдат некоја капка од тајната за смртта на Моцарт, а можеби би одиграле и една партија билијар со пластичните бови во сите бои наредени на езерската плажа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Единствено подобро од дремење на тераса во клацкалка е копање по автомобилски отпад, со сета таа железарија што тежи од звуци и приказни. Исто како шиниве и далноводиве.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
БРАНОВИ MOZART KUGELN Дагмар и Иван Доровски на хотелската тераса во Охрид Најпрвин Дагмар скокна до хотелската соба и донесе црвена шестоаголна кутија на чијшто капак беше сликата на Моцарт и полна со чоколадни бонбони од кои сите си ги лижат прстите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)