тонење (имн.) - во (предл.)

Се прашав: од кога тоа шесте спрема нула се есапат за старост, се прашав со какво лепило се лепат годините пред да се прогласат за старост се прашав кога, всушност, започнува вистинското тонење во длабочините на новите брчки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во последно време Нина стануваше сведок на неговото променливо расположение, напати на едно тонење во мислите и грижите што само нему му беа познати, а кои го правеа повознемирен, понекогаш позборлест, во секој случај сè понеспокоен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги обесхрабрувал пред сѐ мракот, а по сѐ изгледа и неодржуваните дотрајани скали ковани околу стебло на топола којзнае како и за каква основа прицврстена (ако воопшто може да се помисли дека била прицврстена) да не го спомнуваме и она благо нишкање на скалите, губење на тлото под нозете како тонење в бездна, што претставувало неизбежно чувство при секој нов чекор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го направив оној наш таен поздрав од времето кога бевме деца: ја испружив раката, и со моите прсти му го допрев челото, па носот, па брадата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чувствував како бунилото полека заминува, и наместо него ме совладуваше тонењето во горчлива болка, и затоа го замолив: „Те молам, оди си.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од срце ми се плаче, но тоа свесно не го правам зашто плачењето ги исцрпува силите, води кон попуштање кое значи конечно тонење во ова блато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)