третман (имн.) - во (предл.)

Оваа дијагноза, во јули 2007 и повторно во март 2008, му беше констатирана и со конзилијарно мислење на очни лека- ри-специјалисти од Клиниката за очни болести во Скопје (д-р С. Теодоров, д-р С. Ѓурчинова и прим. д-р Љ. Величкова) – кадешто болнички се лекуваше околу две недели, по што му беше утвр- ден статус на инвалидно лице, поточно „лице со оштетен вид“ со ограничена и битно намалена општа работна способност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Искажа пофалби и за храната што ја добива а и за третманот во оние тешки планински услови.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Азра беше професионалка и така се однесуваше, не оставајќи ништо на случајности околу проширувањето на полето за работа за себе и за своите пријателки кои кај неа имаа третман во графи и проценти.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Грахм... тоа ви е како јато млади чавчиња кои учат да летаат според строгите правила што ги измислила некоја стара чавка, незадоволна од третманот во колективот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
По ваквата реакција на Тито и по "поставувањето на работите на свое место", британската мисија во Македонија известила дека е подобрен нивниот третман во односите со ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По ова следуваше и редовен амбулантски третман во оваа клиника за офталмологија, а во октомври 2007 со стручен наод и мислење бр. 159-07 на лекарски тим од ЈЗУ Психијатриска клиника (доц. д-р В. Вујовиќ и м-р М. Наумова) – како резултат на чувството на инфериорност и инвалидизираност – беше укажано и на неопходната потреба од туѓа нега на пациентот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Односот на Стево Трајчов кон Илона беше еднаков како кон сите останати жени во зградата, освен што таа имаше посебен третман во сместувањето – спиеше сама во еднокреветна соба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Токму во периодот кога се одвивале најинтензивните преговори за југословенско-бугарската федерација и кога Македонија покажувала чекори на самостојно дејствување, со намера да ја напушти контролата од Белград, било свикано Второто заседание на АСНОМ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)