трн (имн.) - во (предл.)

Само Јован Ѓуров му беше трн во очите и на Колобана, и на Ристета, бидејќи, во младите години на Бојана, се замеша малку во нивниот живот, ама ете и од него, даде господ се куртулисаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И не беше само отоманското, во животот на Татко, што можеше да биде трн во окото на противниците тој да биде избран за судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ќе си ставиме трн во здрава нога. Разбирате ли?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— Ете уште еден трн во ногата наша — пробрбори Валијата и му се опули сериозно на пашата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како трн во око во тој момент ми падна државниот грб со првокласен афион кој патем беше комунистички рецидив.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Метакот беше трн во око и на младите црвени буржујчиња кои глумеа бунтовност, а живееја во станови од 120 квадрати.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во една таква ситуација на лингво-историско прогледување и освестување, еден од нашите балкански лингвистички Дон Кихоти ќе крикне: Пријателу мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никако да се излезе на крај со овие проклети источни заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никако да се излезе на крај со овие проклети источни заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко го забележа неговиот немир, но не ги побара причините за тоа, туку остави да се искаже неговиот натажен пријател: Пријателе мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко му се доближи на Камилски, го замоли да запре, да не си ставаат без потреба трн во здрава нога.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Здравата” држава сака „здрава” уметност за „здрави” луѓе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На сè друго гледа како трн во око.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Поради сево ова, на многумина хетеросексуалци што се дават во брачните води хомосексуалниот мерак по брак им изгледа како ставање трн во здрава нога.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
* Ролетните им пречат на прозорците прозорците ни ја красат куќата куќата ни ја освежува улицата улицата ни е трн во населбата со населбата ни се гордее градот градот ни е најгнасен во републиката ролетните му пречат на градот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„Е, тука, богами“, рече расмеано и некако со распашано поведение, задоволно кревајќи ја сега веќе втората чашка ракија и завалувајќи се во столицата, „Е, тука, богами, Тито се има сопнато“, рече, „ама уште не знае што трн во ногата си ставил!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако уште на погребот видов дека не се труди да прикрие дека не е верник, па дури и дека не се плаши од тоа да биде некому трн во око со тоа што не носи црнина, сепак помислив дека решила да остане подолго за да го испочитува редот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Намуртен и нерасположен, почна сам да си зборува: – Mope ќе ги требам оние трње во Мариово, ако ништо за друго, за инает на оваа ѓаурка Анѓа, бре! Тврд милет анани... ана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но, што и да се случеше, козите сепак останаа трн во окото на партијата, особено кај нејзините кадри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)