учење (имн.) - во (предл.)

Мајка велеше дека има доволно простор за учење во куќата, ама јас си останав на своето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш учителот зборувал со татко ми да продолжам со учењето во Кавадарци. Татко ми се согласил.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во 49 година, за време на својата втора мисија, а прва за пренесување на христијанското учење во Европа, првата земја која ја посетил Павле била Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Оние, побогатите, кои го свршија третиот клас во Кукуш, се запишаа и тргнаа да го продолжат учењето во Солун.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Нема учење во тоа, само практика.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)