Тогаш и училиштето го преселија таму; го направија едно единствено училиште за сите околни села, па и децата од Потковицата, толку колку што ги има, толку колку што преостанаа по последните раселувања, оттогаш до ден денешен преку ридишта одаат на училиште таму, во Тополчани.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)