фолклор (имн.) - во (предл.)

Ѝ реков дека џезот веќе е сосема испразнет од фолк-содржините на црната раса, од неговата изворна фолклорна содржина, дека е останата само неговата рамка, неговата универзална музичка форма, која сега треба да се полни со нашиот фолклор; и не само со нашиот, туку и со секој фолклор во светот, оти не е само нашиот фолклор богат, туку има такви уште неброени и незнајни богатства на планетава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Настрана патриотскиот фолклор во кој врз географските карти на Франција истокот се прекрива со црнина, настрана децата што на бадник учат да пеат O, Tannenbaum! во слава на малите Алзашани, настрана школските одреди кои, со бајонети на пушките и со главите покриени со беретки со црвена туфна, дефилираат извикувајќи: „Алзас и Лорена ни ги земавте / но срцето нема да ни го грабнете“ - од тој пограничен сукоб избива еден вистински филозофски спор што останува со најголем значај.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Познато беше тоа уште од времето на нацизмот; фолклорот во тој случај се претвори во политички обред на фетишизација на тестисите на Големиот Предок, чија една можна инкарнација станува Големиот Диктатор; мислам дека и немаше да ме разбере, оти Луција не беше интелектуално неограничена, иако беше многу работлива и чувствителна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сегашните етнички тензии во Советскиот Сојуз и Источна Европа покажуваат дека постоечките субкултури не можат успешно да се трансформираат во некој вид на фосилизиран фолклор во интерес на “националното” единство - без оглед на тоа дали таквата замисла за единство е наметната од Левицата или од Десницата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)