фунта (имн.) - во (предл.)

За ставање крај на таквото трошење на државните пари реагирал и Јосип Броз Тито, барајќи да се оневозможи трошењето на тие средства "без вистинска легална контрола, а за цели против ослободителната борба во Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А за барем бегло да оцртаме една нијанса на “феноменот на постмодернизмот” (нам сèуште близок и во чијшто знак се трите раскази) ќе цитираме едно делче од првиот и најпознат роман на Бартелми, Снежана (1967): Веројатно сте запознаени со фактот дека производството на ѓубре во оваа земја е пораснато, по глава на жител, од 2.7 фунти дневно во 1920 г. на 4.5 фунти во 1965...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неспорен е фактот дека Југословенската влада во емиграција уште од времето на напуштањето на земјата, располагајќи со државното злато што се наоѓало депонирано во трезорите на сојузничките и неутралните земји, ги плаќала сите кралски авантури; ги финансирала Дража Михаиловиќ и неговите потчинети; се фрлале златни фунти во земјата на четниците; ги плаќале Константин Фотиќ и неговата работа против НОД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)